Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го предложи Јохан Тарчуловски за нов член на Централниот комитет на партијата. Исто така, за нов член е предложен и Зоран Коцевски.

Тарчуловски се наоѓа во куќен притвор под обвинение за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за упадот во Собранието на 27 април минатата година.

На вчерашната седница, извршниот комитет предложи и 9 претседатели на Општински комитети. За претседател на ОК Аеродром е предложен Дејан Митески, за ОК Студеничани Кенан Абди, за ОК Центар Гане Петров, за ОК Карпош Тони Јаревски, за ОК Гази Баба Бобан Стефковски, за ОК Ѓорче Петров Бојан Стојаноски, за ОК Сарај Мартин Ристески, за ОК Прилеп Петар Ристески и за ОК Струмица Александар Донев.