Најстарата ќерка на Брус Вилис, Талула Вилис, решила да ги забрза плановите за венчавка за да може нејзиниот татко да ја однесе до олтарот.

Имено, како што пренесуваат американските медиуми, Талула ќе ја забрза организацијата околу венчавката, за да присуствува и Брус кој неодамна ја заврши актерската кариера поради болест.

Талула се мажи за 33-годишниот режисер Дилон Бус. Сакале да ја одложат венчавката, но како што пишуваат медиумите, Талула се предомислила и решила да ги забрза работите за да може нејзиниот татко, познатиот актер Брус Вилис да ја однесе до олтарот.

– Најважно им е да е присутен, но и да е доволно здрав за да ја придружува до олтарот – рекол извор за американските медиуми.

Да потсетиме, Талула е една од трите ќерки кои Брус ги доби со Деми Мур. Секогаш беше близок со нив како и со поранешната сопруга.