Австријците планираат да пратат 651.000 дози од вакцината „Фајзер/Бионтек“ во шест земји од западен Балкан до август, во рамки на програмата на Европската Унија во која се помага на соседните земји и на Африка.
Европската комисија во јануари ги објави плановите за механизмот на делење на вакцините. Австрија рече дека ќе делува како координатор на механизмот за западен Балкан и дека по првата дистрибуција на вакцини може да следи и втора. Србија има една од највисоките стапки на вакцинација во Европа, но четирите останати земји од поранешна Југославија, кои не се членки на ЕУ, со Албанија, се помалку успешни. Во Босна и Херцеговина немањето вакцини доведе до улични протести.
-Со оваа иницијатива покажуваме дека не го оставаме регионот на страна“ рече австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг.
Австрија посредуваше во договорите меѓу „Бионтек“, „Фајзер“ и земјите примачи. Државата, плаќањето на тие вакцини ќе го премости од сопствените 11 милиони евра. Дозите ќе бидат платени од фондовите за помош на земјите кандидатки за ЕУ или потенцијални кандидатки.
-Овде нема поврзаност со комичините вакцини наменети за Австрија и другите земји членки на ЕУ. Овие дози не доаѓаат од националните квоти. Ова се дози кои ЕУ ги сочува на почетокот со цел праќање на своите партнери“, додаде Шаленберг, чија влада се соочува со растечка јавна фрустрација поради спорото вакцинирање.
Вакцините ќе бидат дистрибуирани од мај според тоа на кои земји им треба најмногу. БиХ ќе добие најголем дел, 240.000 дози, потоа Албанија 145.000, па Македонија 119.000. Србија ќе добие 36.000 дози.