Во сенка на загубата на акциите на Фејсбук поради скандалот со давање лични податоци, една акција на „Дропбокс“ скокна за повеќе од 35 отсто, затоа што вложувачите и покрај остриот пад на американските пазари, покажаа голем интерес за првата голема иницијална јавна понуда на една технолошка компанија во повеќе од една година.
Компанијата со седиште во Сан Франциско во 2007 година ја основаа дипломци на Универзитетот МИТ (Масачусетс Институт оф Технолоџи) Дру Хјустон и Араш Фердоуси со инвеститорите Секвоја Капиал, Т. Роу Прајс и Грејлок Партнерс.
The post Акциите на „Дропбокс“ скокнаа за 35 отсто appeared first on PLUS INFO.