Во Албанија пристигна пратка од 50.000 дози вакцини од „АстраЗенека“, донација од Индија.
На меѓународниот аеродром во Тирана, пратката ја пречекаа министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, државниот министер за обнова, Арбен Ахметај, и амбасадорот на Република Индија во Букурешт, Рахул Шривастава.
-Пристигнаа 50 илјади дози вакцина „АстраЗенека“, што веднаш ќе бидат дистрибуирани во сите здравствени домови и центри за масовна вакцинација, за да се продолжи со имунизацијата на населението постаро од 60 години, рече Манастирлиу.