Сенатот во САД го изгласа сојузниот буџет од 1.300 милијарди долари со што се избегна ново блокирање на работата на администрацијата.

Сенаторите со 65 гласови „за“ и 32 гласа „против“ го изгласаа законот. Тој закон веќе беше изгласан во Претставничкиот дом на Конгресот и ќе биде испратен во Белата куќа на потпшување.

За одбрана ќе бидат потрошени 700 милијарди долари или повеќе од половината пари од владата на САД за буџетската 2018 година (октомври 2017-септември 2018). Трамп доби 1,6 милијарди долари за доградба и замена на ѕидот долж границата со Мексико.