Iновативноста е можна во сите сфери во општетството, а праксата покажува дека техничките науки се најпогодни за развивање на креативноста и иновациите, порача вицепремиерот Кочо Анѓушев во рамките на одбележувањето на „Светската недела на креативноста и иновациите“ на Машнскиот факултет, каде се одржа трибина на која се обратија и заменик министерот за образование и наука Арбр Адеми и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски.
– Од вкупниот развој 95 отсто доаѓа од конвенционален пристап, со воведување на производ, кој постепено се моделира, унапредува и осовременува. Со тој развој се напредува полека и постепено и е многу важен. Останатите 5 отсто од вкупниот развој доаѓаат од неконвенционален, несекојдневен пристап и тие ги носат големите промени во начинот на живееење. Тесла, Џобс и Цукенберг го сменија светот со својата креативност, излегувајќи од секојдневните текови – посочи вицепремиерот Анѓушев.
Тој ги повика студентите да се охрабрат и да ги реализираат своите идеи и соништа.
– Државата треба да обезбеди услови за младите луѓе да се охрабрат да ги реализираат своите идеи. Преку Фондот за иновации обезбедуваме финансиски средства и ресурси за развој на иновативни проекти, преку образовниот систем ќе ја поттикнуваме иновативноста, но Вие, студентите треба да ги реализирате Вашите соништа. Бидете храбри и релизирајте ги вашите идеи, охрабрете се да направите нешто ново и поразлично, можеби на почеток нема да биде препознаено, но треба да бидете посветени и напорно да работите за да постигнете успех – нагласи Анѓушев.
Заменикот министер за образование Арбр Адеми посочи дека креативните луѓе се оние кои наѓаат решенија за проблемите, комуницираат на нестандардни и нови начини и така создаваат нови трајни вредности.
– Целта на современиот образовниот систем е да ги подготви учениците и студентите за животот по завршување на образовниот процес. Во процесот на реформирање на образовниот систем обрнуваме внимание да се подигне креативноста и иновативноста на сите учесници во овој процес. Затоа во основното образование го воведовме предметот Иновации, а во средното образование предметот Иновации и претприемништво. Во наредниот период ќе дојде до растеретување на наставата за учениците и наставниците. Ќе се намали административната работа на наставниците, а ќе го подигнеме и нивниот дигнитет да испорачуваат подобри и поквалитетни резултати – нагласи Адеми.
Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски нагласи дека денес, за разлика од претходно, во Македонија се создадени услови за поттикнување на кретивноста и иновациите кај младите луѓе.
– Заедно со министерството за образование работиме на проект со кој ќе сакаме да воведеме нов начин на предавања за учениците. Воведовме проект – Предизвик за млади истражувачи, кој предизвика голем интерес и покажа дека младите луѓе сакаат да ја раазвиваат својата креативност. Добивме 100 проекти во многу кус рок на јавниот повик. Преку мерките од Планот за економски раст обезбедивме над 10 милиони евра буџетска поддршка за старт ап, малите и средни претпријатија, нешто што за прв пат се случува. Сепак главно е да ја развиваме менталната матрица кај младите луѓе, креацијата почнува кога се поттикнуваат младите луѓе да го критикуваат она што општетството го дефинира како апсолутна вистина – изјави Деспотовски.
Светскиот ден на креативноста и иновативноста започна да се одбележува од 2001 година, а во одбележувањето учествуваат преку 30 земји во светот. На денешната трибина се обратија и ректорот на универзитетот Св. Кирил и Методиј, проф. д-р Никола Јанкуловски, холандскиот амбасадор Н.Е. Вотер Пломп и деканот на машинскиот факултет проф. д-р Дарко Данев.