Предмалку од читател добивме видео кое што е снимено на велешката патарина на кое се гледа апсење.
Според информациите до кои успеавме да дојдеме уапсени се дилери на хероин од Прилеп.
Имено одделот за криминалистичка полиција, сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи на велешката полиција лиши од слобода две лица од Прилеп во чие возило е пронајдена опојна дрога хероин.
Акциите на МВР за борба против трговија со дрога не запираат.
Се очекува МВР да излезе со дополнителни информации.