Издавачката куќа „Бегемот“ објави збирка кратки раскази „Очудувања“ во која се собрани творби од два истоимени конкурса – од првиот се вклучени текстови на 12, а од вториот на 14 автори.
– Збирката „Очудувања“ истоимена со конкурсот преку кој ја генерира својата содржина, го свртува погледот кон современата кратка проза и прозната микрофикција на македонскиот книжевен релјеф. Првите два циклуса од збирката, вклучени во изданието, претставуваат резултат на обидот да се создаде автономна лабораторија за развивање на оваа жанровска традиција, соопшти „Бегемот“.
Издавачот го отвори и третиот конкурс за кратка проза на македонски јазик „Очудувања #3“. Рокот е до 10 јуни 2018, а творбите треба да се праќаат на andrej@begemot.mk.