Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема во интервју за шпанскиот весник „Марка“ зборуваше на многу интересни теми.
Бензема кончено откри зошто никогаш не ја пее француската химна, нешто за што беше многу критикуван.
Ако ги слушнете зборовите на Марсељезата ќе сфатите дека тоа не е ништо друго освен повик да се оди во војна, а тоа воопшто не ми се допаѓа“, изјави Бензема.
Бензема проговори и за аферата со Валбуена, поради што помина и еден ден во затвор.
„Кога минав еден ден во затвор (поради аферата со Валбуена) се вратив во Мадрид убиен во поим. Флорентино ме сочека во Валдебебас и тоа никогаш нема да му го заборавам. Се однесуваше кон мене како кон свој син и јас навистина го доживувам како да ми е член од семејството“, објасни Французинот.
Бензема на крајот проговори и за критиките и тврди дека тие не допираат до него.
„Големите играчи ги критикуваат за да се продаваат медиумите. Мене не ми треба весник за да прочитам кога ќе одиграм лошо, бидејќи го знам тоа. Навистина не ме интересираат критиките“, заклучи Бензема.