Движењето Беса ги интензивира преговорите за влез во владината коалиција. За денеска е најавена средба меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Беса, Африм Гаши. Пред средбата не се откриваат детали, но неофицијално од партијата се надеваат на успешни разговори и најавуваат дека ќе формираат преговарачки групи за влез во Владата. Средбата следува по најавите на Заев за владина реконструкција, која се очекува да се случи во следните недели, а како што потенцира премиерот, стартуваат разговори со сите опозициски политички партии освен со ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно, Заев се сретна со Гаши непосредно по неговиот избор за претседател на Беса , на почеток на месецот, a од Владата најавија дека разговорите ќе продолжат во текот на март заради обезбедување можна соработка на парламентарно ниво и на ниво на извршна власт.