Турција набрзо ќе го ослободи од терористи градот Африн, северна Сирија, изјави турскиот вицепремиер и портпарол на Владата, Бекир Боздаг.
Тој посочи дека од почетокот на турската операција во Сирија од јануари загинале 42 турски војници, а 3.381 терористи се неутрализирани.
– Во скоро време градот Африн ќе биде исчистен, наведе Боздаг.
Турската армија на 20 јануари ја почна операцијата „Маслиново гранче“ во реонот на Африн. Операцијата е насочена против сириските курдски милиции Сили за заштита на народот и Партија на демократската унија, кои за Анкара се терористички организации, поврзани со Курдска работничка партија.
Боздаг најави дека на 4 април во Истанбул ќе се одржи трилатерална средба за Сирија помеѓу Турција, Русија и Иран.
– Средба на руско-турскиот Совет за соработка на висок ниво ќе се одржи на 3 април, на кој ќе учествува и (претседателот на Русија, Владимир) Путин. Потоа на 4 април во Истанбул ќе се одржи средба Турција-Русија-Иран за Сирија, наведе Боздаг.