Фудбалската легенда на Италија – Џанлуиџи Буфон ја откри причината зошто се вратил во репрезентацијата откако се откажа од тимот пред неколку месеци.
– Астори е причината што се вратив во националниот тим. Сакав да им дадам подарок на навивачите, како одговор на црните настани. Освен тоа, јас сум личност која секогаш се чувствува одговорна. Овие две работи се доволни, рече Буфон.
Тој го пофали и привремениот тренер на „азурите“, Луиџи ди Бјаџо, за кој вели дека се однесувал добро кон него.
– Младите момчиња веќе пораснаа и го имаат просторот што им треба, додаде легендата на Јувентус.