Канадската тенисерка Јуџин Бушар, која е една од најубавите тенисерки на сите времиња, доби специјална покана за турнирот во Богота, а организаторите го пофалија нејзиниот изглед на погрешен начин најавувајќи ја како „најсекси тенисерка“.
Некогаш петтата тенисерка во светот сега се наоѓа на 115 место на АТП листата поради лошите резултати во изминатите неколку сезони, а оваа година на девет натпревари забележа пет порази.
Бидејќи во моментот е ниско рангирана, финалиската од Вимблдон во 2014 година не влегува во ждрепките за посилните турнири, па овие специјални покани се значајна помош да ја подобри својата позиција.
Меѓутоа организаторите на турнирот во Богота беа критикувани за начинот на кој го најавија нејзиното учество.
– Канаѓанката Јуџин Бушар се смета за една од најсексипилните тенисерки на светот, а ќе се натпреварува во Богота. Не пропуштај ја можноста да ја запознаеш оваа преубава жена, те чекаме, стоеше како најава на официјалниот Инстаграм профил на турнирот.
По реакциите за неумесноста на најавата, таа беше тргната.