Бибиси ја прекина утринската програма за да ја соопшти следната вест од Норд Маседониа:

“Најголемиот северџански новинар Миленко Неделковски ја шокираше северџанската јавност со откритието дека некојси Бранко Тричковски е најголемиот џелат на вмро-дпмне, плус најголем некрофил и извор на говор на омраза.”

Немогуќе, си рековме ние во Офаманаман, па кој е тој Тричковски, јебо га драги богец, бибиси не кажа ништо за џелатот, колку години има, што е по националност, има ли некое школо, колку пари има украдено од народот, има ли бугарски пасош- ништо!
Јебига, и бибиси не е тоа што некогаш беше.
Но, Офаманаман и денеска е на ниво.
Го пронајдовме џелатот на Аеродром и отидовме да му поставиме неколку прашање:

“Господине Тричковски, видовте ли што јави бибиси?”

“Видов, Бјонсе лапнала неколку награди греми и станала најнаградувана пејачка во историјата на популарната музика.”

“Ма да ја оставиме Бјонсе да си ги слави наградите, ние сакавме да ве прашаме за веста дека сте прогласени за најголем џелат на вмро-дпмне”

“Сакате да кажете дека сум добил греми за џелатење?”

“Вие се заебавате, ама факт е дека господинот Миленко ве прогласил за најголем некрофил и извор на говор на омраза”

“Добро, де, и што е тука спорно, сакате да кажете дека не ги заслужувам тие признанија. Јас скромно ќе речам, тенкју Миленко. Можете ли да му однесете една пура од мене, сте се запрашале ли кој сега му купува пури, никој, човекот е оставен сам, сите негови се в затвор или во бегство, што да пуши човекот, ку.. т ли да си го пуши, пројавете малку солидарност, доста бркавте сензации, и тој е чедо на Македонија.”

 

Пишува: Бранко Тричковски