На социјалните мрежи се појави видео во кое британски туристи се снимаат на гробот на кралот на кокаинот Пабло Ескобар во колумбискиот грат Итагуи.

Видеото предизвика големи реакции поради тоа што туристите шмркаат кокаин на надгобната плоча на Ескобар, како што пишуваат за да му оддадат почит.

Штом некој отишол да го посети гробот на Пабло Ескобар – Кралот на кокаинот, значи дека е почитувач на неговото дело, па многумина му оддаваат почит на еден необичен и прилично забеган начин.

Туристите во чест на „Кралот на кокаинот“, шркаат по една линија кокаин од неговиот гроб.

Пабло Ескобар беше убиен на 44 годишна возраст при голема полициска акција во Меделин од каде што беше дистрибуиран 80 проценти од кокаинот кој го користеле во САД.