Премиерот Зоран Заев соопшти дека е раскинат договорот со концесионерот на Казандол.

„Комисија беше на увид во комплексот Казандол и утврди дека според членот 13 од Договорот за концесија за експлоатација на бакар, злато и сребро, има основа за еднострано раскинување, односно, концесионерот не ја исполнил обврската во рок од две години, односно до февруари 2017 година да изгради постројка за производство на катоден бакар со капацитет да процесира најмалку 50% од експлоатираната руда.Врз основа на тоа,  Договорот со концесионерот се раскинува“, рече Заев.