„СДСМ директно удри по џебот на граѓаните.“
Дополнително осиромашување ќе предизвика најновата погубна политика на власта, односно воведувањето на прогресивен данок со покачување на данокот на доход од 10% на 18%.
Покачувањето на даночната стапка најмногу ќе ги погоди младите професионалци од секторите како ИТ технологиите, здравствената заштита и слично, кои ќе добијат мотив плус за да ја напуштат Република Македонија и да ја преместат својата дејност во држави со поповолна даночна политика.
Невработеноста дополнително ќе се зголеми, но ќе се зголеми и даночната евазија каде голем број субјекти, наместо пријавување на своите приходи ќе се префрлат на полето на сивата економија.
Се поголем е бројот на разочарани кои не гледаат никаков просперитет. Економското цунами Заев-Тевдовски-Анѓушев го задолжија секое семејство во Република Македонија со нови 1.200 евра, а граѓаните не видоа никакво фајде од милионите кои си ги подигна СДСМ на грбот на државата.
Тоа е резултат на фактот дека Македонија е единствена земја во Европа што ја води премиер обвинет за корупција за кого јавно во суд се даваат искази како барал мито од едно евро за него, евро за партијата и евро за црквата од метар квадратен.
Ваквата катастрофа, власта ја покрива со нарачан политички прогон врз секој што мисли поинаку. Затоа патриоти и докажани професионалци од МВР беа вратени во притвор за 24 часа откако беа ослободени. Срамот на Заев и СДСМ го покрива политичкото обвинителство и судот.
Нечовечки е без никаква основа професионалците и патриотите да бидат фрлени во притвор само за да се задоволат нечии желби. Срамно е нивните семејства да се трауматизираат само за да се задоволи нечија желба за одмазда.
Недолично е да се игнорира одлуката на Врховниот суд и следниот ден да се постапи спротивно на неа.
Судот мора да се ослободи од притисокот и да ги уважи жалбите на притворените. Македонија не смее да биде заробена држава“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.