Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ  по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март организираше конференција под мотото „За сите жени во Македонија“ на која се обрати претседателката на Унијата Даниела Рангелова и лидерот на партијата Христијан Мицоски.

– Нашата земја низ нејзината историја е изградена од силни жени кои активно учествувале во сите подеми и падови, и тие ќе продолжат да уриваат бариери и поразуваат предрасуди. Предизвикот е поголем, бидејќи ова е сложениот Балкан каде ѕидовите на поделби и препреки се преголеми, но сепак не и неуништливи. Затоа мотивот треба да биде и поголем, затоа што ние мора конечно да дебатираме за работите кои ќе не носат напред, да донесеме прогрес кој толку насушно и треба на нашата држава и да создадеме иднина – рече Мицкоски.

Тој на конференцијата се осврна и на актуелните политички теми посочувајќи дека  ВМРО-ДПМНЕ е огромен брод кој плови низ немирно море чија стабилност сигурно доаѓа.

Претседателската на Унијата на жени Рангелова побара од Владата да нема реваншизам, туку реформи. Тоа, според неа, го очекуваат сите граѓаните од државата.

На конференцијата Унијата првпат додели и плакети за жени.