Кривичниот совет на Врховниот суд, донесе одлука по жалбите на притворените пратеници за инцидентите во собранието на 27.04.2018. Точките по кои е определен притворот од Апелациониот суд Скопје, а се однесуваат на повторување на делото и влијание на сведоци, отпаѓаат бидејќи истрагата е завршена. Останува на сила само точката која се однесува на опасност од бегство.

Судство.мк ексклузивно дознава дека притворот е замент со домашен притвор за пратениците Крсто Муковски и Сашо Василевски и Митко Чавков.Од домашен притвор секако дека нема да можат да уествуваат или да го повторат инцидентот, а и присуството во постапката ќе им биде обезбедено.

На полицајците М.П., Д.Л, Г.Г.,О.П. и М.П., мерката притвор им е заманета со домашен притвор.

З.С., Г.А., И.С., В.Т. и В.М им се одбиваат жалбите и тие остануваат во истражниот затвор Шутка.

На пратениците Јохан Тарчуловски Љупчо Димовски, куќниот притвор им се заменува со мерки на претпазливост, а исто така и на  оперскиот пејач Игор Дурловски. Имено, тие еднаш неделно ќе треба да се јавуваат во суд на шалтер за да го потврдат нивното присуство или достапност на органите, со што нема да влијаат на ефикасноста на постапката. Вакви мерки за безбедност, како замена за домашниот притвор се определени и за Е.Д.Б. и И.Д.

И на сомничените С.М., М.М. и С.М. опфатени со обжаленото решение на Аплеација со кое им се продолжи притворот, останува во сила.

Одлуката се очекуваше уште во петокот, но претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски изјави дека советот не можел да одлучи во тој рок од причини што станува збор за комплексен предемет, за што е потребно повеќе време, нагласувајќи дека предметот подолго време бил на разгледување во јавното обвинителство, отколку во Врховниот суд.

Притворот на горе наведените им е определен од крајот на Ноември, т.е. на почетокот на Декемри, минатата година, па заради долготрајноста во прашање се доведува и нивниот мандат, кој што сепак е воља на народот кој ги изгласал како пратеници.