Сите 36 клуба од Првата и Втората Бундеслига гласаа против реформите, со кои би им се овозможило на инвеститорите да преземат тим.
Правилото е уникатно за фудбалот во земјата и вели дека тимовите мора да имаат мнозинство при управувањето на клубот.
Клубовите се согласија да одржат широка дебата за инвестирање во германскиот фудбалски клуб, зачувувајќи го принципот од 50 + 1 процент.
Главниот извршен директор на Сент Паули, Андреас Ретиг, рече дека тоа е „важен сигнал“ за германскиот фудбал.
– Секој кој го сака фудбалот, треба да ја поздрави оваа одлука, рече тој.
Претседателот на германската фудбалска лига Рајнхард Раубал додаде дека правилото 50 + 1 е еден од принципите, кој го направил германскиот фудбал силен и го закотвил во општеството.
Исклучоци од правилото се дозволени, кога поединци или компании поддржале клуб со значителни суми за најмалку 20 години, како на пример во Баер Леверкузен (компанијата за хемиска индустрија „Баер“), Волфсбург (производителот на автомобили „Фолксваген“) и Хофенхајм (ко-основачот на „САП“).
Повеќето од клубовите пак гласаа за системот за видео надзор во Бундеслигата.