Можеби конечно сте подготвени да ги жртвувате викендите, па дури и квалитетниот сон, за прегратки со вашето бебе. Ако сакате да основате ваше семејство, голема е веројатноста да истражувате како да ги зголемите вашите шанси за зачнување.
Најчестите совети за подобрување на плодноста се здрава исхрана, редовно вежбање, квалитетен сон и помалку стрес. Но понекогаш е навистина тешко да го елиминирате стресот, особено ако тој е резултат на вашиот обид да останете бремени. Па колку навистина влијае стресот на вашата плодност?
Според Џорџија Виткин, асистент по психијатрија и гинекологија, стресот нема големо влијание. Иако истражувачите докажале дека проблемите со плодноста предизвикуваат стрес, нема никаков доказ дека важи обратното. Џорџија не се согласува со мислењето дека треба да се опуштите и ќе останете бремени. Таа дури го обележала ова мислење како мит.
„Жените можат да зачнат и во најстресни околности ако не постои физички проблем. Дури и жените со трауми и воените затвореници често остануваат бремени.“
Се разбира, секој знае дека физичкиот и емоционалниот стрес можат да имаат влијание на менструалниот циклус. Сепак, Џорџија инсистира дека тоа нема директно влијание на плодноста.
„Кога постои проблем со плодноста поради стрес, стресот најверојатно активирал некоја веќе постоечка медицинска состојба“, објаснува таа.
Иако стресот нема физички да го намали квалитетот на јајце клетката или сперматозоидите, може да предизвика штетно однесување.
„На пример, жените може да се откажат од терапијата за плодност, да ѝ наштетат на плодноста со лекови, пушење или пиење, да избегнуваат секс или да не ги следат инструкциите на нивните лекари. Ако репродуктивниот систем е чувствителен на стрес колку што мисли мнозинството, човештвото одамна ќе исчезнеше.“
Па, ако сте под стрес, а истовремено се обидувате да останете бремени, советот на Џорџија е подобра грижа за себе.
„Бидете вашиот најдобар пријател. Престанете да се обвинувате, поддржете се и почитувајте се.“
Евентуално, ќе се ослободите од стресот и иако ова нема да ја подобри вашата плодност, ќе го направи целиот процес многу поубав за вас.