Ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, припадниците на МВР, Душко Лазаров и Оливер Поповски, како и Горан Ѓошевски кој беше дел од обезбедувањето на експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски заедно со Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање вчравечер биле повторно приведени и однесени во истажниот затвор Шуто Оризари, дознава „Макфакс“.
Тие се осомночени за насилниот упад во Собранието на 27 април. Сите пет лица се вратени во истражниот затвор Шуто Оризари откако ОЈО подигна обвинение за инцидентите во Собранието. Пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски кои исто така беа осободени од притвор со оваа одлука на судот, остануваат во куќен притвор.
МВР потврдува дека се приведени пет лица по барање на Основниот суд, но го потврдува нивниот идентитет. Се чека Основниот суд да излезе со официјална информација, за тоа, зошто на овие лица им е повторно изречена мерка притвор