Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски од негово лично име и од име на општината на сите граѓани од исламска вероисповед им го честита почетокот на најголемиот месец кај муслиманите Рамазан, месецот на постот и молитвата.

„Нека овој свет месец Ви донесе мир и спокој во секој дом! Чувајте ги и негувајте ги човечките вредности, споделувајте добрина и ширете пријателски односи. Ви посакувам лесни рамазански пости, проследени со добро здравје, мир, пријателство и благосостојба“, се вели во честитката на Димитриевски.