Вечерва, во 19 часот, во Градската кафана Пелистер, на плоштад Македонија, ќе се одржи завршната изложба на ART Symposium S`kopje.
Изминатите недела дена во дел од Пелистер, група на интернационални уметници твореа, дискутираа и разменуваа идеи.
Вечерва, (сабота, 3 март) ќе бидат презентирани делата на странските, но и домашните македонски автори, пред пошироката јавност.
“ART Symposium S‘kopje” е во организација на уметниците Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски, потпомогнати од страна на Центарот за промоција на култура и туризам. Како генерален спонзор се јавува Градската кафана Пелистер каде што уметниците твореа и беа сместени.
Вечерашниот настан е добра можност публиката да ги погледне делата од авторите и добро да се забавувате.