Драги Рашковски утрово објави дека на 12 април поднел оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешки проекти.
По информацијата, премиерот Зоран Заев за медиумите изјави дека ја прифатил оставката.
-Да, ја прифатив оставката, ни изјави премиерот Заев.
Рашковски во оставката наведува дека повлекувањето е поврзано со зачувување на достоинството и интегритетот.
Неговото име во последниот период е поврзано со неколку афери.
-За некој на кого во светски рамки има добиено 11 златни и 32 сребрени медали за своите иновации е деградирање на интелектуалниот капацитет споредбите кои се прават од страна на одредена јавност. Останува на времето да покаже која е вистинската причина за тоа, пишува Рашковски во оставката.