Автомобилот на пратеничката на СДСМ од Виница, Славица Шуманска – Митева, бил запален синоќа околу 1.20 часот, според полицискиот билтен.
Поради тоа полицијата во текот на ноќта ги обезбедувало домовите на најголемиот дел на пратениците од владејачкото мнозинство.
По вчерашното изгласување на Законот за употреба на јазиците, па се во текот на ноќта, на профилите на социјалните мрежи на пратениците од СДСМ не престанале да пристигнуваа низа закаци, пцости клетви, дел јавно, дел преку пораки.