Композиторот Златко Ориѓански на својот фејсбук профил ја објави новата песна која што ја сними заедно со Бени Шаќири, а е посветена на колумнистот Бранко Тричковски.
“Добро утро добар ден Еве една нова песна со посвета на Бранко Тричковски, инспирирана од неговите прекрасни есеи. Имавме намера да го повикаме во спот ама немавме пари за таа работа. Пред ден два прашувам: Бранко дал сакаш ти да… ? Како тоа би изледало ? Па, па некако да заврши како Чаплин шеташ на кеј, ти и кучето Мајло се губите во далечина. Тричко одговара: Е тоа не знам, тоа треба некој да слика, Чедо или не знам…фрак и големи чевли, бркчиња, хахаха добро ти е ова со Чаплин, јужно од Будимпешта немаш подобар Чаплин од мене “, пишува Ориѓански на својот профил.
Во продолжение слушнете ја и песната “Двеста дена, двеста два ”
Музика и текст: Златко Ориѓански
Вокал: Арбен Бени Шаќири
Хармоника: Дарко Илиевски
Виолина: Илија Филиповски
Кларинет: Благојче Трајковски
Електрична гитара: Боби Василевски