Иран тројно го зголеми производството на ракети, изјави денеска Амир Али Хаџизадех, бригаден генерал во елитниот Корпус на гардата на исламската револуција.

– Нашето производство е тројно зголемено во однос на минатото, истакна иранскиот генерал за локалните медиуми.

Генералот не прецизира за колкав временски период станува збор. Тој само истакнал дека Владата, парламентот и други институции во Иран одлучиле дека земјата има поголема потреба од ракетите „земја-земја“.