По објавата за “измамениот” инвеститор од Прилеп кој наводно дал веспа, а не добил услуги, покрај демантот на пријавениот до нашата редакција пристигна фотографија од кривична пријава каде што Илија Спиркоски според документите сопственик на фирмата “М ДИНО ДООЕЛ Прилеп” или по ново “Дино 99” со намера за себе да прибави со противправна имотна корист, го довел пријавителот “Крушево експорт” во заблуда со лажно прикажување на факти со што го навеле да превземе дејствија на штета на својот имот во висина од преку 85.000 €.

Покрај пријавениот Илија Спиркоски во пријавата е наведена уште една личност, која што највероватно случајно се погодила во ситуацијата…

Пред неколку дена пишувавме за прилепскиот инвеститор кој е општа опасност по сообраќајот, иако има повеќе забрани за управувње со автомобил, последно во текот на изминатото деноноќие е фотографиран како го управува истотото со што повторно претставува опасност по сообраќајот по својот живот и останатите учесници на сообраќајот.

Очекуваме надлежните институции да преземат мерки по однос на гореспоменатиот “Прилепски инвеститор”

Продолжува

 

НАПОМЕНА: Гореспоменатиот се обиде да направи притисок врз редакцијата на порталот по разни основи, но вистината ќе излезе на виделина до последен документ…