Нова социјалдемократска партија на Македонија (НСПД) во текот на вчерашниот ден го објави 13 мај како датум на кој ќе се одржи четвртиот редовен конгрес на партијата.
Добро упатени извори од партијата не информираа дека на четвртиот редовен конгрес на НСДП ќе се избере и нов Претседател, односно сегашниот Потпретседател на партијата Горан Мисовски, кој е пратеник во Собранието на Република Македонија, ќе застане на чело на Новата социјалдемократска партија, а додека пак сегашниот претседател Тито Петковски ќе ја добие титула, “почесен претседател” во знак на благодарност за се што досега направил за партијата.
Партијата е формирана во 2005 година кога сегашниот претседател на НСДП, Тито Петковски истапи од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Неколку месеци по формирањето партијата следуваа редовни Парламентарни избори во 2006 година каде што НСДП настапи самостојно и освои 6% од вкупниот број на гласови, или седум пратенички места. Во тој временски период Петковски одлучи да влезе во постизборна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. За време на двегодишната “љубов на Петковски и Груевски” од пратеничките Куновска и Секуловска решија да го променат дресот на НСДП за дрес на ВМРО-ДПМНЕ.
На предвремените парламентарни избори во 2008 година НСДП настапи во коалиција со СДСМ, каде освои три пратенички места. Поради одлуката на раководството на партијата да коалицира со СДСМ, министрите Еленовски, Рафајловска и Митановски му го зададоа првиот удар на Тито Петковски со што ја формираа партијата Социјалдемократска унија, а додека проф. Живко Јанкуовски ја формира Партија на обединети демократи на Македонија.
Практично од 2008 година до денес НСДП е коалиционен партнер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Во моментов партијата функционира без Извршен и Централен одбор поради тоа што во октомври минатата година истече мандатот на органите и телата на партијата, но по барање на Петовски најавениот конгрес пред нова година не се одржа.
Виктор Азманоски