Асоцијацијата на кабелски оператори АКО и Стопанската интересна заедница на оператори на кабелската мрежа МК НЕТ испратија соопштение во кое наведуваат дека се неточни наводите на министерот Роберт Поповски дека не се почитуваат авторските права од страна на кабелските оператори и дека тие ги лажат своите претплатници.
– Зачудувачки е фактот во 21 век еден министер да изнесува факти и наводи коисе целосно невистините, неаргументирани и непоткрепени со факти и докази, да ја лаже и замајува јавноста со такви навредливи и паушални изјави и да оцрнува една цела фела која со децении наназад градела доверба кај своите претплатници, наведуваат во соопштението.
Тие додаваат дека од Македонија се одлеваат огромни милионски суми во странство, токму за надоместоци за авторсктие права кон странските ТВ канали и доколку министерот направел соодветна анализа на состојбите со авторските права ќе знаел дека о овој момент не се води ниту една кривична постапка за пиратерија против ниту еден кабелски оператор, ниту пак се води каква било прекршочна постапказа реемитување без договор на некаков ТВ канал против некој кабелски оператор.
– Оттаму, шокантна е изјавата на еден министер со која практично сме наречени „лажговци и криминалци“, што претставува голема навреда и клевета за нас.
Кабелските оператори ја уверуваат јавноста дека авторските права со домашните и странските ТВ канали се уредени во целост и во овој момент ниту еден кабелски оператор не врши никаков вид на злоупотреба или прекршување на авторските и сродни права, кон ниту еден ТВ канал.
– Го повикуваме министерот јавно да ни се извини и да ја повлече својата изјава и наводи, кои несомнено нанесуваат штета на нашето работење, се вели во соопштението.