Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека ќе побара информација од Министерството за надворешни работи зошто програмата на македонската национална телевизија не се емитува во Бугарија, како што се емитува Бугарската национална телевизија кај нас.

-Веднаш ќе ги контактираме Министерството за надворешни работи и нормално македонската телевизија, која што треба да зрачи и штом ќе достават официјален одговор, како и одговор од бугарските официјални институции тогаш ќе го споделиме со вас – изјави Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање.