Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ денеска е во официјална посета на земјава. Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ќе биде нејзин домаќин, а таа ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести пред претседателскиот кабинет „Вила Водно“.
Китаровиќ ќе има тет-а-тет средба со Иванов, а предвиден е и пленарен состанок на официјалните делегации на двете земји. По состанокот се очекува двајцата претседатели да имаат заедничка прес-конференција.
Во рамки на посетата, Колинда Грабар Китаровиќ ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.