Конференцијата се организира во рамки на проектот „Мрежа за заштита од дискриминација: Здружена акција за унапредување на еднаквоста и социјалната правда на маргинализираните заедници“, поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.
Целта на настанот е да се укаже на итната потреба за обезбедување на предуслови за работа на ова тело за еднаквост, промоција на неговата работа и обезбедување поддршка и соработка со останатите клучни актери во заштитата на човековите права.
Настанот се организира за да се укаже на итната потреба за обезбедување на предуслови за работа на ова тело за еднаквост, промоција на неговата работа и обезбедување поддршка и соработка со останатите клучни актери во заштитата на човековите права. Изминаа три месеци од усвојувањето на Одлуката за избор на членови од страна на Собранието на РСМ, а Комисијата се соочува со бројни предизвици во воспоставувањето на институцијата, кои е потребно итно да се надминат со цел институцијата успешно да ги реализира своите надлежности, да прерасне во препознаено и релевантно тело за еднаквост и фактички да придонесе кон унапредувањето на еднаквоста и човековите права на граѓаните.
За учество на конференцијата можете да се приклучите преку на следниот линк, кој ве носи до настанот на ZOOM платформата: https://us02web.zoom.us/j/85938258856#success