Честа дилема на многумина е дали парфемите кои иако се спакувани во луксузни шишиња, се навистина оригинални или само добра копија.
Мирисите најчесто ги препознаваме и памтиме по сеќавања кои нè врзуваат за нив, па тоа е една од причините поради кои тешко се разликуваат копиите од оригиналите.
Сепак, покрај тоа колку долго трае или колку брзо ветрее мирисот на некој парфем, постојат уште неколку насоки според кои може да проверите дали парфемот кој го купувате е оригинал или копија
Првата насока е слатката нота која лесно ги освојува неискусните, а која е прв показател дека можеби не се работи за оригиналот.
Друга насока се различните ноти на мирисот. Оригиналите најчесто содржат по неколку различни ноти на мирисот, па може да забележите дека како одминува времето, мирисот не исчезнува, но се менува.
За разлика од тоа, најдобрите копии содржат максимум две различни ноти на мирисот.
Третата насока е масленоста на оригиналите кои ја содржат, за разлика од копиите кои се поретки и не содржат доволно количество на есенцијално масло како оригиналниот парфем.