Кина, уште пошироко, ќе ја отвори својата национална економија, најави денеска кинескикот премиер Ли Кечијанг.
Тој прецизираше дека националната индустрија ќе биде целосно отворена за странска конкуренција, со подобра заштита на интелектуалната сопственост.
– Кина никогаш нема да се стреми кон експанзија и хегемонија во светот, посочи Ли на прес-конференцијата по повод крајот на годишната сесија на кинескиот Парламент.
Што се однесува на најавените зголемени царински давачки при увоз во САД, Ли потенцираше дека Пекинг не сака трговска војна со Вашингтон. Тој вели дека Кина ќе преземе мерки за постигнување побалансирани трговски врски со САД.
– Пекинг не сака голем американско-кинески трговски дефицит, рече Ли, додавајќи дека Кина се надева оти САД ќе ги укинат извозните ограничувања на Кина за висока технологија.
Ли, исто така, најави дека Кина ќе продолжи да го редуцираа соодносот межу долгот и БДП и додаде дека земјата е способна да ги предвидува финансиските ризици.
– Основите на кинеската економија се здрави, а финсискиот систем е стабилен, заклучи Ли.