Дошол некој политичар на функција и прв ден во кабинетот нашол 3 писма од неговиот претходник со порака најпрво да го отвори писмото број 1.
Го отворил првото писмо и во него пишувало: Не мораш ништо да правиш, почни да ме напаѓаш мене, кога ќе почнеш да имаш проблеми отвори го писмото број 2.
Некој извесен период супер му одело на политичарот со тактиката на неговиот претходник, но проблемите почнале да се појавуваат и така решил да го отвори писмото број 2.
Во него пишувало: Пак немора ништо да правиш, почни да ги напаѓаш своите соработници. Кога ќе почнеш да имаш проблеми отвори го писмото број 3.
Пак некој извесен период му одело супер на политичарот, ништо не работел, ништо неправел и немал проблеми. Но, проблемите почнале пак да се појавуваат и решил да го отвори писмото број 3.
Во него нашол порака: Напиши 3 писма!
ФБ Статус на Самоил Малчески