Во Грција денеска почна масовна воена вежба со учество на специјалните сили.
Одржувањето на вежбата го нареди грчкиот министер за одбрана Панос Каменос по средбата со воениот врв, а преку неа ќе биде проверена оперативната подготвеност на грчките специјалци.
Во рамките на вежбата, што се одржува во реонот на Додеканези во Егејското Море, во близина на југозападниот брег на Турција, ќе бидат спроведени и вежби за освојување на мали карпести острови.
На вежбата учествуваат сили од трите вида војска, вклучувајќи ја специјалната група „Делта”, авиони од воздухопловната база во градот Лариса, како и специјалците на армијата и флотата, посочува весникот „Катимерини“.