Министерството за внатрешни работи го поздравува интересот на Независниот полициски синдикат, во соработка со раководството на МВР, да работат заеднички во интерес на вработените во МВР.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изминатиот период имаше неколку средби со претставниците на Независниот синдикат, a раководството на МВР и натаму е отворено за соработка со претставниците на независниот синдикат и на Македонскиот полициски синдикат, бидејќи тоа е во интерес на сите вработени во МВР.