Вознемиорувачко видео се шири на социјалните мрежи.
На твитер осамна видео од профил Виќо инспектор, на кој се гледа како 12 годишно девојче од Велес е нападнато од своја врсничка додека телефонски бара помош од својата мајка, а останатите нејзини врснички снимаат и го подржуваат насилството.
За среќа одреден возрасен човек му пристапува на помош на девојчето кое плаче и моли за помош, и ја оттргнува и ја спасува од насилната врсничка.
Се очекува надлежните институции да го разрешат случајот и да преземат соодветни мерки.
Од друга сдтрана, социјалните работници треба да се позанимаваат со проблемот зошто доаѓа до тоа да постои ваква агресија и бес кај малолетниците, и зошто се почесто посегнуваат по насилство.
12 годишно девојче од Велес нападнато од својата врсничка додека бара помош од својата мајка по телефон, а останатите нејзини врснички снимаат и го подржуваат насилството !!! @o_spasovski pic.twitter.com/AA2Ol4vErK
— ВИЌО ИНСПЕКТОР (@VikoInspektor) April 20, 2021