Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека Европската Уинија ќе претстави заеднички став во врска со нападот со нервен агенс врз поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Велика Британија.
– Многу сериозно ги примаме наодите на британската влада. Ќе претставиме заеднички став на Европската унија, изјави Меркел за А-Ер-Де.
Таа додаде дека без оглед на наодите на британската влада сега не може да се прекинат сите контакти.
– Се уште мора да разговараме со Русија и покрај сите разлики во мислењата, изјави Меркел.