Нова мобилна мерна станица за квалитет на воздухот на територијата на општина Бутел ќе биде пуштена во употреба денеска во рамки на проектот „ЕУ за ТЕБЕ!”.

Мерната станица е дел од националната мрежа за автоматски мониторинг на квалитетот на воздухот.

На промоцијата, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, евроамбасадорот Самуел Жбогар, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски.