Мицкоски е човекот на Груевски, Мијалков и Камчев, тој е најголемиот бранител на криминалците, не може да се помири што правдата стигна

89

Христијан Мицкоски не пропушта прилика да докаже дека е единствен на браникот на криминалот, се вели во реакцијата на СДСМ, по однос на изнесени ставови на Христијан Мицкоски.

Мицкоски, заштитникот на криминалот има проблем што денес за разлика од времето на режимот, нема недопирливи, нема групи и поедници кои се над законите, нема однапред осудени, без разлика дали станува збор за претставници на опозицијата, на власта или било кој граѓанин.

Разбирливо е, тој е човекот на Груевски, Мијалков и Камчев, подеднакво тој е дел од режимско-криминална матрица која 11 години ја злоупотребуваше државата во партиски цели.

Лажни вести, блефирања и дејствување на штета на граѓаните е се што нуди докажаниот губитник Мицкоски, додаваат од СДСМ.

Негова пуста желба е да дојде на власт со идеи за неправди и нови конфликти, но негова сурова реалност е тоа што едвај се бори за барокната фотелја во расипничкиот дворец и тоа дека губи на секој изборен циклус.

Мицкоски е поразен политичар без став, бледа сенка на Никола Груевски. Тој не донесе ништо ново во македонската политика, тој е срам за десницата во Северна Македонија.