Под мотото „Една деценија постоење и градење општина по мерка на младите“, Младинскиот совет Струмица вечерва ќе одбележи десет години од своето постоење.
-На седницата во роденденски и младешки дух ќе бидат доделени признанија, благодарници и плакети на најголемите соработници на организацијата. На настанот ќе се потсетиме на минатогодишните проекти со една ретроспектива и ќе прославиме за нашите заеднички весели мигови, се наведува во соопштението на Младински совет.
Во изминатите десет години оваа организација создаде реална младинска платформа од која произлегоа многу активности, волонтери, настани и случувања за подобри услови на секој млад човек во Струмица и пошироко.
Од формирањето во 2007 година, па се до 2018 во Младински совет членувале над 2.500 волонтери, а се реализирале повеќе од 150 проекти од повеќе области кои ги засегаат младите и општеството.