Висок члена на јапонската владејачка партија, Тоширо Никаи, денеска изјави дека откажувањето на Олимписките игри во Токио и понатаму е една од опциите, доколку состојбата со коронавирусот не се стабилизира во Јапонија.

 

 

– Доколку биде невозможно да бидеме домаќини на ОИ, тогаш мора да го запреме процесот. Откажувањето на Игрите стои како една од опциите, а доколку ОИ „го прошират“ вирусот, тогаш зошто воопшто да се одржуваат Игрите – изјави Никаи.

 

 

Организацискиот одбор на Олимписките игри не го дели истото мислење како Никаи и од таму одговорија дека сите кои учествуваат на ирганизацијата на игрите се целосно фокусирани Токио од 23. јули до 8. август да биде добар организатор.