На осветлението околу Крушевско Езеро е нанесена голема и, очигледно, намерна штета. Од вкупно 47 канделабри само 2 се функционални, а останатите се целосно или делумно уништени.
За да се покрие трошокот за поправка и поставување нови сијалици ќе се одлеат пари од општинската каса, односно тоа се пари на граѓаните, затоа, апелираме до несовесните граѓани да не го повторуваат ова дело и сите да го чуваме се она што е изградено за граѓаните.
Општина Крушево овој случај го пријави во полиција.