Најавен консензус за реформите по средбата на Заев и Мицкоски

58

Можен консензус на власта со најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, е споменат од премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, по вчерашната средба што во Владата на Република Македонија ја имаше со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 Како што соопшти Владата, а и Заев во изјавата за медиумите, се разговарало за актуелните политички случувања, за тековните преговори со Грција, за изборниот законик и за избор на членови на Државната изборна комисија, како и за можноста за враќање на опозицијата во Собранието. Притоа, Заев изрази разбирање за ставот на опозицијата дека додека не бидат пратениците пуштени од притвор, нивната пратеничка група не се враќа во Собранието.

– Јас имам апсолутно разбирање за ставот на ВМРО-ДПМНЕ за притворите, дека додека не бидат комплетирани, не се враќат, но сакам уште еднаш дека немаме никаква намера да вршиме притисок врз правосудството – рече Заев.