Не сакам да ти биде жал. Сакам да знаеш дека моето срце, скршено од тебе, беше благослов од самиот почеток. Мојата тишина значи дека сум уморна од борби.

Мојата тишина значи дека сум уморна за објаснување на моите чувства кон тебе. Мојата тишина значи дека јас само се обидувам да продолжам понатаму со сето мое достоинство. Не сум тип на личност која се откажува од некого. Да, понекогаш знам да сум лута и бесна, затоа ми треба некоја минута да се соберам, но јас никогаш не би те напуштила.

Јас не ги напуштам и оставам луѓето кои ми значат. И мислам дека затоа и ме боли толку многу кога луѓето ме напуштаат мене. Сега разбирам дека ми требаше да заминиш.

Ми требаше да ме напуштиш, па можев да научам дека небото не е секогаш во убави нијанси на светло сина, туку и во најдлабоки нијасни на црно. Иако те нема, ти си тука со мене.

Ти си со мене кога болки и болки се враќаат на местото каде што се обидуваше да го победиш моето срце. Ти си со мене кога ги затворам очите ноќе и гледам дали гледаш кон мене. Ти си со мене кога твојата смеа не го избегнува мојот ум, но сето тоа ме направи посилна. Сметам дека со секој изминат ден на болка и сеќавање на тебе, јас станувам посилна. Кожата што изгорела под твојот допир почна да заздравува. Раните сеуште се отвораат, но сега побрзо се лекуваат. Јас сум посилна отколку што некогаш сум била, и затоа не сакам да слушнам дека ти е жал затоа што ми го скрши срцето на начинот на кој што го скрши. Сега откако ова е речено и направено, и времето е поминато, ти нема да бидеш ништо повеќе од неколку лузни. Кога луѓето ќе прашаат како ги добив, ќе лажам и ќе кажам дека не се сеќавам, но ќе знам дека овие лузни ме направија оваа која сум денес. Затоа не се чувствувај премногу лошо затоа што ме скрши, бидејќи сега сум подобра жена отколку кога прв пат те сретнав.

 

Јасмина Петковска Белиот Лебед