Во текот на денешниот ден Никола Митревски викан Кољо сам се пријавил во Истражниот затвор во Шутка, додека Александар Василевски – Нинџа и понатаму останува на слобода, потврдуваат од МВР за Револуционер.
Митевски изјавил дека се криел на повеќе локации во Скопје.
Името на Митевски се спомнуваше во медиумите дека заедно со Нинџа биле логистика во обидот за бегство на разузнавачите Горан Грујевски и Никола Бошковски.
Никола Митевски – Кољо е еден од организаторите во крвавиот пир во Македонското собрание од 27 април минатата година каде што беа повредени повеќе пратеници и новинари.